Skip to main content
Скопје

Новиот крст ги осветли Раштак и Скопска Црна Гора

10/11/2025  21:59

Од викендов, Раштак и Скопска Црна Гора се осветлени со новиот крст, висок 21 метар – симбол на верата, силата и духовното единство на нашиот народ.

– Овој крст не е само железо и светлина, тој е вера што нè води, надеж што нè обединува и љубов кон Бога што блеска над целото Скопје. Нека светлината од овој крст ги осветлува нашите души, домовите и патиштата по кои чекориме секој ден – истакна градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.