Skip to main content
Балкан

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

23/08/2025  20:18

Во Србија во над 70 населени места и градови попладнево се одржуваат собири на сипатизери на владејачката Српска напредна странка на кои се искажува протест против блокадите.

Собири се одржуваат во Инѓија, Аранѓеловац, Врњачка Бања, Лозница, Крушевац, Лесковац, Зрењанин, Дољевац, Шид, Обреновац, Трговиште, Бор, Прибој, Крушевац, Рума, Рашка, Бачка Паланка, Сремски Карловци, Бачка Топола, Обреновац, Лучани, Пожаревац, Неготин…

Нема такви собири во Белград и во Нови Сад. 

Тие носат транспаренти со натписи „Сакам живот“, „Мир да, блокада не“,.
Според провладини медиуми тие денеска ќе испратат порака – „Доста е“. 

Претходниот собир на „Граѓани против блокадите“ беше одржан во средата во 50-на градови низ државата.