Skip to main content
Балкан

Нови случаи на африканска свинска чума во БиХ

24/01/2025  18:35

Министерството за земјоделство, шумарство и рибарство во БиХ извести за појава на африканска свинска чума во Босна и Херцеговина.

Како што се наведува во соопштението на Министерството, БиХ вчера преку системот за известување за болести на Европската комисија пријавила појава на африканска свинска чума кај чуваните свињи во општина Бјелина во Република Српска.

Во текот на 2025 година во БиХ се забележани три избивања на африканска свинска чума кај домашните свињи и два случаи кај дивите свињи, додека во Република Србија има повеќекратни појави на болеста кај домашните и дивите свињи.

Министерството ги повика сите субјекти, односно одгледувачите на свињи, да продолжат да се придржуваат до мерките за биосигурност и континуирано да се стремат првенствено да ги заштитат своите фарми од внесување на вирусот, а со тоа да го спречат неговото потенцијално натамошно ширење на други фарми.