Skip to main content
Магазин

Нови факти за сонот

30/04/2025  00:25

Сонот е еден од најважните фактори за здравјето и добрата психофизичка состојба на човекот. Сепак, и покрај сè поголемиот број истражувања, и натаму владеат многу митови за тоа колку сон ни е доволно и какви навики се добри или лоши.

Според д-р Неил Стенли, експерт од Британското здружение за сон, поимот „осум часа сон“ не важи еднакво за сите. Генетиката игра голема улога, па додека на некои луѓе им се доволни 6 до 7 часа, на други им требаат и по 9 или 10 часа сон за да функционираат нормално.

Неколку чести митови за сонот кои треба да ги преиспитате:

  • Осум часа сон е задолжително: Не секој има исти потреби. Наместо да броите часови, следете како се чувствувате откако ќе се разбудите.
  • Не постои претерување со сон: Прекумерното спиење може да биде исто толку штетно како и недоволниот сон – го нарушува метаболизмот и го зголемува ризикот од болести.
  • Може да се навикнете на малку сон: Делумно точно, но долгорочно тоа може да има последици врз здравјето – зголемен апетит, замор, ризик од дијабетес и срцеви заболувања.
  • Спиењето одделно од партнерот е лошо: Напротив. Ако спиете подобро без да ве буди некој покрај вас, тоа може позитивно да влијае и на вашето здравје и на односот.
  • Децата ќе заспијат кога ќе се уморни: Повеќето деца имаат потреба од рутина и ритуали за спиење. Структурата им помага во правилен психофизички развој.

Секој организам е различен и најдобриот совет е да го слушате вашето тело. Ако редовно се будите уморни, тоа е знак дека нешто не е во ред – без разлика дали спиете премалку или премногу.