
Крвав пир го потресе Прилеп вчера, откако заложничка драма заврши со тројца мртви.

Иако се уште нема детали од МВР и ОЈО, од она што го пренесуваат медиумите и сведоци на настанот, во вчерашниот инцидент вујко ги убил својот малолетен внук и неговиот таткот (зет на убиецот) во неговата куќа во една од прилепските населби.
Убиецот фрлил и експлозивна направа, пукал и кон полицијата, по што некаде после полноќ самиот си го одзел животот.
Повеќе информации за мотивите и причините за двојното убиство, очекуваме во МВР и ОЈО во текот на денот.