Метео анализа на Славчо Попоски:
Новата 2025 година ќе ја започнеме со стабилно, суво и сончево време насекаде во Македонија, но ќе биде и потопло со повисоки дневни температури на воздухот кои ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 13 степени, додека во југоисточните предели тие би можеле да се искачат и за некој степен повеќе. Сепак, по котлините, особено оние кои се наоѓаат во Повардарието, особено во ноќните и во претпладневните часови ќе има појава на магла и на ниска облачност, па во овие котлини преку ден и температурата ќе биде пониска.
Што се однесува до времето во Скопје и околината, времето ќе биде стабилно, суво и сончево. Сепак, во ниските предели од котлината, и тоа особено во ноќните и во претпладневните часови ќе има појава на магла и на ниска облачност, а температурата преку ден ќе се искачува во интервалот помеѓу 8 и 9 степени.
Уште да напоменам, дека наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 4 степени, во Скопје наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу -3 и -2 степени.
Поголема промена на времето и поголемо заладување, како и врнежи ќе имаме вечерта и ноќта петок кон сабота, како и во сабота (3 кон 4 јануари). Но најнова детална анализа токму околу ова следува во следните мои метео објави