Новак Ѓоковиќ објави ретки семејни фотографии на „Инстаграм“ и го честита Божиќ.
Тој позира пред елката со сопругата Јелена и нивните деца – Стефан и Тара.
„Мир божји, Христос се роди. Честит Божиќ“, напиша тенисерот на кирилица во описот на објавата.
Српскиот тенисер моментно се подготвува за 12 јануари кога почнува Австралија опен.