
Измамите за наводни сообраќајни несреќи добиваат на интензитет. Најнова жртва на оваа појава е 78-годишна кумановка која останала без 2000 евра.
Вчера во 16.30 часот во СВР Куманово, 78 – годишна жена од Куманово пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 2.000 евра, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Според пријавеното, лицето ѝ се јавило на телефон и претставувајќи се како полициски службеник ја известило дека нејзиниоeт син и снаа предизвикале сообраќајна несреќа во која прегазиле малолетно дете и ќе треба да плати одредена сума на пари за да не ги гонат кривично.
Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, но подоцна сфатила дека била измамена.
Исто така, во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Куманово биле регистрирани и пет обиди за измами со наводни сообраќајни несреќи и една на подрачјето на Кратово, додаваат од СВР Куманово.