Skip to main content
Скопје

Нова водоводна мрежа за околу 300 домаќинства во Горно Лисиче

09/09/2025  12:35

Во тек е целосна реконструкција на водоводната мрежа на улица „Божидар Рајковиќ“ во Горно Лисиче, Општина Аеродром, со што конечно ќе се реши повеќедеценискиот проблем со водоснабдувањето на околу 300 домаќинства.

Реконструкцијата опфаќа замена на старите и дотраени со нови цевки Ф110 во должина од 1000 метри, како и дополнителни приклучоци на мрежата.

Старата водоводна мрежа со години предизвикуваше загуби на притисокот или прекини на водоснабдувањето, поради што дел од потрошувачите во одредени периоди од денот често остануваа без вода, особено во летниот период.

Токму со замената на цевките, жителите на овој дел од Горно Лисиче конечно ќе имаат непречен пристап до вода.

Станува збор за капитален проект во висина од над 12 милиони денари со поддршка од Владата.