Skip to main content
Македонија

Нова услуга на „Визер“! – Празно седиште до вас, повеќе комфор и приоритетно качување

07/11/2025  16:26

Нискобуџетната авиокомпанија „Виз Ер“ наскоро ќе понуди сосема ново искуство за патниците што сакаат повеќе удобност на летот. Од декември 2025 година, компанијата стартува со пилот-проект наречен „Виз Клас“, кој првично ќе биде достапен на летови од Букурешт, Будимпешта, Лондон, Рим и Варшава.

Она што ја издвојува новата услуга е можноста патниците да го блокираат седиштето до себе, со што ќе добијат повеќе простор, приватност и мир за време на летот.Освен тоа, новата класа ќе вклучува и приоритетно качување, дозволен рачен багаж и гарантирано место во преградата за багаж, што досега беше резервирано само за поскапите класи на летови.

Иако точната цена сè уште не е објавена, од компанијата најавуваат дека нема да биде повисока од цената на дополнително седиште, со што се задржува концептот на „лукс за секого“.

„Целта не е да се зголемат приходите, туку да им понудиме на патниците повеќе вредност за своите пари,“ изјави Мајкл Делехант, виш директор во „Виз Ер“.

Во план е и воведување на нов Wi-Fi систем – „Виз Плеј“, како и инфо-забавна платформа на одбрани летови, која ќе им овозможи на патниците подобро искуство во воздухот. Според комерцијалната директорка Силвија Москера, идејата за новата класа произлегла од барањата на деловните патници, кои сакаат поголем комфор, но не сакаат да плаќаат како за бизнис класа.

Со ова, „Виз Ер“ уште еднаш покажува дека луксузот и ниската цена повеќе не се исклучуваат, туку може да одат рака под рака, а изборот останува на патникот.