
Повторно се случи трамвајска несреќа во Сараево. Во средата навечер трамвај се судри со два автомобила. Беа повредени двајца. Полицијата го уапсила возачот на трамвајот бидејќи не поседувал дозвола и бил под дејство на алкохол.
„Возачот на трамвајот Н.К. првин беше тестиран на присуство на алкохол во организмот и резултатот беше негативен. Потоа беше тестиран на присуство на опојни дроги, при што беше утврдено дека е позитивен на недозволени супстанции,“ соопшти полицијата, најавувајќи дека поради тоа ќе следува прекршочна пријава против возачот, но и против одговорното лице во градското сообраќајно претпријатие ГРАС.
Дополнително се истражува како Н.К. воопшто можел да управува со трамвај кога му истекла дозволата, како што самиот им признал на полицајците.

