Skip to main content
Хроника

Нова семејна драма во Македонија: Жена жртва на напад, закани и следење

18/09/2025  23:41

Жителка на Кавадарци пријавила во полиција дека била жртва на семејно насилство од својот сопруг М.Б., информира Секторот за внатрешни работи Велес.

Според пријавата, 35-годишниот маж ја нападнал во семејниот дом, ѝ се заканувал со остар предмет и во нејзиното возило поставил ГПС локатор.

„Во ОВР Кавадарци денеска е извршен службен разговор со М.Б., постапувајќи по претходна пријава од неговата 36-годишна сопруга дека во семејниот дом физички ја нападнал и ѝ се заканувал со остар предмет, како и дека во нејзиното возило поставил ГПС локатор“, соопшти полицијата.

Локаторот бил одземен, а против М.Б. е изречена мерка за забрана за приближување кон жртвата.

Полицијата најави дека продолжува со натамошна постапка и преземање на сите неопходни мерки за заштита на жртвата.