
– Втора група војници од Русија денеска се вратија од заробеништво во Украина, во уште една размена на воени заробеници помеѓу двете земји, соопшти руското Министерство за одбрана.

Русија и Украина вчера разменија воени заробеници, помеѓу кои и повредени и тешко повредени, како и војници под 25 години.
Размената на воените заробеници е во согласност со договорот постигнат на втората рунда директни преговори во Истанбул на 2 јуни. Русија и Украина се согласија да ослободат најмалку по 1.200 војници и да вратат илјадници тела на загинати војници.