Skip to main content
Балкан

Нова пресуда за родителите на Коста Кецмановиќ, треба да платат и оштета од над 66.000 евра

21/05/2025  20:16

На крајот од 2024 година родителите на Коста Кецмановиќ беа осудени на казна затвор, татко му на 14.5 години, а мајка му на 3. Сега, пристигна нова пресуда за нив

Коста Кецмановиќ на 3-ти мај 2023 усмрти деветмина ученици и вработениот во обезбедување, а застрела и наставничка.

Татко му Владимир Кецмановиќ беше осуден на 14.5 години зад решетки, додека мајка му Миљана доби три години затвор.

Сега, родителите на детето-убиец треба да одговараат за тоа што го воспитувале лошо синот, односно направиле пропусти во воспитувањето и му давале лош пример.

Вишиот суд во Белград донесе пресуда дека Кецмановиќ се должни на наставничката Татјана Стевановиќ  ѝ исплатат 6,9 милиони динари (околу 66.000 евра) отштета за нематеријална штета за физичка болка, страв, ментална болка поради намалување на општите животни активности и поради обезличување. Кецмановиќ мора да им платат и законска затезна камата на наставниците по историја почнувајќи од датумот на пресудата, пишува N1.