Skip to main content
Македонија

Нова кривична пријава против екс градоначалникот на Кичево, Дехари

29/01/2026  11:53

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д.(52) од кичевското село Србица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување” како и против Ф.А.(62) од кичевското село Зајас, А.Н.(38) од селото Србица, Х.Б.(37) од селото Црвевци и Б.С.(36) од селото Стрелци, за сторено кривично дело „Перење пари и други приноси од казниво дело”. Првопријавениот Ф.Д. во својство на градоначалник на Кичево, во периодот од 2021 до 2025 година, свесно и со умисла, постапил спротивно на одредбите од Законот за работни односи и непостапувајќи согласно Законот за локална самоуправа, склучил договор за вработување со останатите пријавени лица.

Потоа, со пропуштање на должен надзор, свесно им дозволил да не доаѓаат на работа и да им бидат исплаќани плати, други надоместоци и придонеси од општинската каса и по истекот на законскиот рок не им го прекинал работниот однос. На тој начин, Ф.Д. во посочениот временски период, го оштетил буџетот на општина Кичево во износ од 130000 евра  и дозволил, другите пријавени лица да се стекнат со вкупна материјална корист во износ од околу 86.000 илјади евра од кои, секој засебно и на своја сметка, примиле различна сума пари,  иако знаеле дека се добиени по сторено казниво дело.