Skip to main content
Хроника

Нова измама – платила 10.000 евра откако ја излажале дека нејзината ќерка прегазила дете

06/03/2025  17:54

Вчера во 11:50 часот во СВР Скопје, 75-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 618.000 денари.

Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете-мигрант и доколку не сака таа да лежи во затвор требало да плати.

Како што е пријавено, таа парите ги оставила на договореното место, а откако се слушнала со нејзината ќерка, сфатила дека била измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.