Skip to main content
Хроника

Нова голема трагедија попладнево во Охридското Езеро: 40-годишно лице се удавило кај познат камп

19/07/2025  18:25

Тешка трагедија се случи денеска во АС кампот во Струга, каде едно лице на возраст од 40 години се удави додека се капело во водите на Охридското Езеро, објави Шило Магазин.

Според првичните информации, настанот се случил во попладневните часови, кога присутните забележале дека лицето не излегува од водата и веднаш реагирале.

Од водата бил извлечен маж, по што веднаш, започнала реанимација од страна на присутни лица и повиканите медицински екипи.

За жал, и покрај сите напори, лекарите само можеле да констатираат смрт.

Причините за давењето ќе бидат утврдени по истрагата што ја спроведуваат надлежните органи.

Настанот ги потресе присутните и
повторно ја отвори потребата за зголемена претпазливост и присуство на спасувачи на капалиштата.