
Со основачот, еден од најценетите софтверски развивачи од нашата земја, Јасин Шабан, Star Social App ви го претставува новата генерација на социјална мрежа која носи заработка и возбуда!

Замислете да лајковите на социјалните мрежи повеќе не бидат само бројка. Всушност – не замислувајте, тоа веќе е реалност! Доволно е да се регистрирате на Star App и да го искусите. На платформата секоја ваша фотографија или видео ве внесува во вистински натпревар, а променливата листа на најдобри, која се ажурира на секои 15 минути, може да ве издигне до врвот. Токму за ова возбудливо искуство е создаден Star.
Star нуди уникатно социјално медиумско доживување во кое корисниците преку споделување фотографии и видеа учествуваат во неделни натпревари, спојувајќи креативност и натпреварувачки дух во едно.
Највпечатлива карактеристика е неделната „live leaderboard“ листа. Таа го одредува победникот на неделата, се освежува на секои 15 минути, а корисниците се искачуваат на неа според бројот на „Star“ што ги добиваат нивните содржини. На крајот на неделата, оние што ќе стигнат до врвот, добиваат награди.
Приказната за основањето на Star е инспирирана од целосно иновативна визија. Тимот на Star сакаше да ја промени перцепцијата дека лајковите се само бројка, тргнувајќи од мотото „Секој Star треба да вреди“. Целта е да се создаде средина која ќе ја истакнува креативноста и натпреварот, а корисниците ќе можат да ги прикажат своите таленти и да освојат награди.
Со модерен и кориснички пријателски дизајн, брз систем за ажурирање и механизам за награди, Star за кратко време успеа да допре до широка публика. Роден во Македонија, StarApp за кратко време привлече корисници од 14 земји. Со седиште во Македонија, Star Social App веќе има канцеларии во Србија, Швајцарија, а наскоро планира отворање на канцеларија и во Англија и Турција – клучен пазар за платформата.

Платформата, која го привлече вниманието на инвеститорите, својата стратегија за раст ја гради преку средношколците и студентите. Првиот проект „UniStar Club“ ќе стартува во Турција и ќе им понуди на младите можност да поминуваат време на социјалната мрежа и притоа да заработуваат преку посебен модел на приходи. Во октомври, во Истанбул, ќе се одржи лансирањето на проектот, заедно со членовите на UniStar Club, каде ќе учествуваат и инфлуенсери од сите категории на платформата, познати инвеститори и врвни имиња од претприемачката заедница.
Со iOS и Android апликациите, достапни насекаде во светот, Star отвора ново поглавје во светот на социјалните медиуми.
Star APP – Сподели, освоји Star, искачи се на врвот!