Skip to main content
Македонија

Нова драма во училиштето во Демир Хисар: Не ги даваат печатите

13/08/2025  18:22

И денеска продолжува драмaта во средното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар.

Претходно директорката од страна на градоначалникот на Демир Хисар незаконски беше разрешена во очи на изборите додека таа го користи своето боледување па откако не можеле да ги пронајдат печатите за да направат фалсификат се обидоа преку злоупотреба на правосудните органи преку претрес истите да ги најдат во нејзиниот дом.

Сепак директорката Лозановска печатите ги чувала соогласно закон заклучени во сеф во нејзината канцеларија.

Денеска директорката Лозановска заедно со нејзиниот адвокат отиде во училиштето, за согласно наредба од ОЈО Битола да се изврши претрес и да се пронајдат и предадат печатите. Лозановска и адвокатот од МВР излегоа и тргнаа со полициска придружба кон училиштето, но полицијата потоа ја снема, а незаконски назначената нова директорка исто така ја снема од училиштето.