Skip to main content
Македонија

Нова авиолинија од Скопје до Ларнака од 31 октомври

24/05/2025  11:50

Министерот за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави дека од Меѓународниот аеродром Скопје се воведува нова авиолинија до Ларнака во Кипар. 

” На пат кон Охрид за одбележувањето на празникот Св. Кирил и Методиј сакам да споделам информација за нова авиолинија 

Од 31.10.2025 започнува новата авиолинија Скопје – Ларнака Кипар! 

Ова е 11та нова линија за 10 месеци, а е резултат на политиките на Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Субвенциите и политиките на Владата за развој на авиолиниите даваат резултати. 

Продолжуваме да работиме на развојот на авиосообраќајот во Македонија 🇲🇰”- објави Николоски.