Skip to main content
Македонија

Нов земјотрес пред полноќ во Македонија

23/07/2025  00:10

Вечерва во 23:37 часот е регистриран земјотрес со јачина од 2,1 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во близина на Галичник, во западниот дел на Македонија.

Според првичните информации, потресот се случил на длабочина од 10 километри, на координати 41.560° северна географска ширина и 20.640° источна географска должина. Оддалеченоста од Скопје е околу 81 километар.

Земјотресот се почувствувал слабо и не предизвикал материјални штети. Според сеизмолозите, вакви слаби потреси се вообичаени за овој регион и не претставуваат причина за загриженост.