
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија вечерва во 23 часот и 10 минути регистрираше земјотрес со епицентар на територијата на соседна Република Албанија, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Според податоците од сеизмолошките станици, земјотресот имал локална магнитуда од ML 3,7 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот се наоѓал на околу 150 километри југозападно од Скопје.
Како што информираат од опсерваторијата, потресот бил почувствуван во Битола, Охрид и околните места, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. Засега нема информации за причинета материјална штета или повредени лица.
