Skip to main content
Балкан

Нов земјотрес на Халкидики: Земјата не престанува да се тресе веќе три дена

10/06/2025  11:18

Нов земјотрес со интензитет од 3,7 степени според Рихтеровата скала го погоди подрачјето на Халкидики, 111 километри југоисточно од Солун, утрово.

Како што објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC) на својата веб-страница, земјотресот чиј епицентар бил на длабочина од 10,9 километри се случил во 06:04 часот по локално време и бил почувствуван во северна Грција и делови од Бугарија и Турција.

Тоа беше 10-тиот потрес во серијата земјотреси што го погодија подрачјето на Халкидики во последните три дена.

Најсилниот земјотрес со магнитуда од 5,2 степени според Рихтеровата скала се случи на 7 јуни.