Skip to main content
Македонија

Нов влажен бран ќе ја зафати Македонија од утре

03/02/2026  16:14

Од утре не очекува период на променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет, информираат од УХМР.

На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во текот на утрешниот ден засилен ветер од југоисточен правец. Според прогнозите, температурите ќе бидат во пораст.