
Од 29 септември цените на цигарите во Македонија се зголемија за околу 10 денари по пакување. Иако дел од потрошувачите сè уште не го чувствуваат целосното поскапување поради залихите со стара цена, производителите најавуваат дека во наредните денови новата цена целосно ќе се пренесе до продажните места.
Зголемувањето се однесува на популарни брендови како Данхил, Лаки Страјк, Пал Мал и Ротман. Важно е да се истакне дека промената не е резултат на зголемување на акцизата или државни даноци, туку е дел од ценовната политика на производителите.
Според пазарните анализи, цените се прилагодуваат на зголемените трошоци за производство и логистика, како и на трендовите во регионот. Пушачите се предупредуваат дека ова е само првиот чекор кон ново покачување, а пакувањата по стара цена што сè уште се достапни, наскоро ќе исчезнат од продажба.