Skip to main content
Македонија

Нов топол бран од Африка ќе ја зафати нашата Македонија!

25/08/2025  09:45

Во текот на оваа работна недела во нашата Република Македонија времето ќе биде претежно стабилно, суво, сончево и од ден на ден се потопло. Повремено ќе има појава на умерена локална облачност а ќе дува  и слаб до умерен ветер од променлив правец. До вторник (26 август) температурите преку ден ќе бидат пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 30 степени, а во Скопје  и околината температурата ќе се искачува до околу 28/29 степени.

Од среда (27 август) па во деновите потоа под влијание на топол бран од Африка, температурите ќе бележат тенденција на поголем пораст  и максималните дневни температури во поголем дел од нашата Република Македонија ќе надминуваа 30 степени, а во Повардарието и во југоисточните предели тие локално ќе надминат  и 35 степени.

Во Скопје и околината од среда (27 август) па во деновите потоа температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 32  и 36 степени.