Skip to main content
Свет

Нов силен земјотрес ја погоди Турција вечерва

27/04/2025  22:07

Вечерва уште еден силен земјотрес е регистриран во Турција по серијата земјотреси кои следеа по земјотресот со јачина од 6,2 степени во средата во Истанбул, два посилни земјотреси во Кутахја, а потоа и во Коња.

Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 21 часот и 9 минути по локално време во Елазиг, Анадолија, во источниот дел на Турција, објави Хаберлер.

Тресењето на земјата се почувствува и во околните провинции како Малатија, Санлиурфа и Адијаман.