
Во рамки на активностите за подобрување на комуналната инфраструктура во Општина Илинден се реализираат градежните работи за поставување и монтажа на препумпен уред во населено место Илинден.
Овој препумпен уред се поставува во најнискиот дел на н.м. Илинден и ќе ги зафати водите од фекална канализација на улица „19“ и припадните краци кои се наоѓаат на оваа улица. Препумпниот уред ќе претставува собирно место од повеќе улици од кои дел веќе имаат фекална канализација, но и улици каде во наредниот период ќе се работи на изградба на фекална канализација.
Увид на градежните работи на терен направи градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој истакна дека отпадните фекални води од овој препумпен уред ќе се препумпуваат во веќе изградената пречистителна станица во населба Илинден и истите ќе се пречистуваат во станицата. На овој начин се овозможува комплетно зафаќање одведување и прочистување на отпадните фекални води што претставува наша приоритетна заложба во насока на обезбедување квалитетни услови за живот на нашите граѓани како и подобрување и унапредување на животната средина.

