Skip to main content
Македонија

Нов пожар во Желино, се гасне со два авиони

03/08/2025  15:51

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов попладнево информираше дека избил нов пожар кај тетовско Желино. 

„Моментално дејствуваат два ер трактори на ДЗС“ потврди Ангелов.

Пожарот избувнал во селото Церово, Општина Желино, а покрај авионската поддршка, на терен интервенира ТППЕ Тетово.