Skip to main content
Македонија

Нормализиран сообраќајот од Битола до ГП „Меџитлија“

16/07/2025  19:17

Нормализиран е сообраќајот на патниот правец од Битола до граничниот премин Меџитлија, а сообраќајот на регионалниот пат Битола – Прилеп останува во прекин за товарни возила, а патничките возила и понатаму се пропуштаат наизменично, соопшти попладнево Авто мото сојузот на Македонија.

На овие два патни правци, како што претходно информираше АМСМ, се случиле сообраќајни незгоди.

На граничните премини за влез и излез од земјава, според информациите од АМСМ, од македонска страна нема подолги задржувања.