
Нормализиран сообраќајот на патот Гевгелија-Боданци, соопшти АМСМ.
„Од 11:00 часот на регионалниот пат 1102, Гевгелија-Богданци, сообраќајот е нормализиран“ се наведува во соопштението.
Сообраќајот од 09:50 часот беше во прекин во двата правца поради излизгана машина за чистење на снег.
Од Министерството за транспорт и врски апелираат до сите возачи да ги почитуваат законските одредби за одвивање на сообраќај во зимски услови и задолжително да поседуваат зимска опрема за возилата, внимателно да управуваат со возилата да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, како и да ги почитуваат препораките од сообраќајните служби.