Skip to main content
Македонија

Нормализиран протокот на граничните премини, не е точно дека е вратен стариот систем на контрола на Граничниот премин Блаце

12/07/2025  19:38

Министерството за внатрешни работи ги демантира невистините објавени во дел од порталите, дека наводно бил вратен стариот систем на контрола на Граничниот премин Блаце.

Поради технички проблеми во текот на денешниот ден имаше краток прекин на системот на гранична контрола на неколку гранични премини кон Косово, Србија и Албанија. Во тој период се пристапи кон алтернативно евидентирање, по што за кратко време состојбата беше нормализирана. Но, во ниту еден момент не беше вратен стариот систем на контрола на граничните премини каде веќе е ставен во функција One stop системот.

Апелираме да не се шират непроверени информации.