
Вечерва е нормализиран сообраќајот на автопатот Скопје-Тетово, откако неколку часа се возеше отежнато и со пренасочување на стариот пат, поради сообраќајна несреќа, извести АМСМ.
Инцидентот се случи попладнево, кога автобус удри во стадо крави кои се движеле по автопатот. Во несреќата нема повредени луѓе, а таа предизвика долги колони од возила и застој во сообраќајот.