Skip to main content
Хроника

Ноќва тешко повреден млад работник во кавадаречка фабрика

21/03/2025  16:07

Со тешка телесна повреда рано изутринава се здобил 33-годишниот М.К. од Велес, додека извршувал работни задачи во фабрика во Кавадарци.

Од Општа болница – Кавадарци рано изутрина во 2:30 часот било пријавено дека кај нив со тешка телесна повреда бил донесен М.К., на возраст од 33 години, информираат попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Според пријавеното, М.К. од Велес се здобил со повредата при извршување на работни задачи во фабрика во Кавадарци.

Како што додаваат од СВР – Велес, за настанот биле известени јавен обвинител и трудова инспекција. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР – Кавадарци.