Skip to main content
Свет

Нобеловата награда за хемија ја добија Китагава, Робсон и Омар М. Јаги

08/10/2025  13:32

Кралската шведска академија на науките денес ги објави добитниците на Нобеловата награда за хемија.

Нобеловата награда за хемија денес им беше доделена на научници од Јапонија, Австралија и САД, Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар М. Јаги, за развој на „метално-органски рамки“, објави Кралската шведска академија на науките.

Тројцата добитници создадоа молекуларни структури со големи простори низ кои можат да течат гасови и други хемикалии.

Тие структури, метално-органски рамки, можат да се користат за собирање вода од пустинскиот воздух, заробување јаглерод диоксид, складирање токсични гасови или катализирање на хемиски реакции.

Оваа награда, доделена вкупно 116 пати од 1901 година, досега има 197 лауреати.

Најмладиот добитник на наградата во областа на хемијата имал 35 години – Фредерик Жолио, во 1935 година, а најстариот добитник бил Џон Б. Гуденаф, кој ја добил оваа награда во 2019 година, на 97-годишна возраст.