
Вчера Вардар во Велес бил 152, а завчера во неделата бил 138 сантиметри.
По обилните и непрекинати врнежи од дожд во изминативе денови Вардар во Велес на мерното место кај Стар Мост денеска бил 160 сантиметри и е зголемено двојно споредено со пред една недела, но засега нема опасност од излевање, а за што е потребно покачување на нивото од критични над 250 сантиметри, информира за МИА, Атанас Угрински од УХМР.
Воедно информира дека вчера Вардар во Велес бил 152, а завчера во неделата бил 138 сантиметри, со што за два дена нивото на водата е зголемено за 22 сантиметри.
Инаку, за споредба на 26 март нивото на Вардар во Велес било 88, а наредниот ден на 27 март 86 сантиметри,а споредено со денешните 160 сантиметри е скоро двојно повеќе.
Просекот на нивото на Вардар во Велес за април е 111 сантиметри.