Skip to main content
Македонија

Николовски: Трубарево е земјоделски регион, веднаш да се направат анализи на почвата и водата

22/09/2025  16:31

По големиот пожар во Трубарево, потребата од итни и стручни анализи на почвата и водата е неопходна и неминовна, предупреди пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

„Тоа требаше и да биде направено, заради тоа што Трубарево е регион во којшто се произведува храна,  земјоделски производи. После една ваква хаварија која што ни се случи и после ваквите анализи во сегмент на воздухот, задолжително е институциите, министерствата и научните институции веднаш да ги направат неопходните анализи и на водата и на почвата, се со цел  да ги знаеме и тие резултати. Граѓаните мора да бидат сигурни и безбедни, и да ги знаат точните информации и точно да се види  дали има контаминации во делот на резултатите коишто ќе ги добиеме и од водата и од почвата”, рече Николовски.

При тоа, Николовски нагласи дека власта треба да прекине да ја бара вината во други, бидејќи како влада има одговорност да ги заштити а не да ги лаже граѓаните.

„Неколку министри ја лажеа јавноста дека нема никакви лоши резултати, дека се нормални, дека воздухот не е загаден. Меѓутоа, видовме дека експертите и сите оние стручни анализи, и податоци, го покажуваат токму спротивното,  граѓаните имаат право да ја знаат вистината.Одговорноста е пред се во владата, во надлежното министерство. Власта мора да ја прекине праксата дека се она што ќе се случи во нејзино време, не може некој да биде друг крив, не може некој друг центар да биде одговорен за сето она што ни се случува постојано”, изјави Николовски.