
Транспортот во Скопје ќе го решиме единствено ако ги комбинираме проектите за Градски воз, набавка на нови еколошки автобуси и проектот за БРТ, истакна вицепремиерот Николоски во гостувањето на Топ Тема.
” За да го решиме транспортот треба да се направат трите работи паралелно. Едно е возобновувањето на возниот парк на ЈСП со електрични автобуси за што веќе работиме. Второто е решавање на приградските населби со центарот, а тоа е градски воз и третото е решавање на урбаниот дел со поекономичен тарнспорт кој јас фигуративно го нарекував трамвај за да им е сликовите на граѓаните, а тоа е трамвај без шини. И трите работи мора да ги споиме и да има синергија меѓу нив. Било која од трите да функционира сама ќе го имаме ова што сега го имаме”- истакна Николоски.
Во однос на проектот Градски воз тој потенцираше дека проектот веќе се реализира со засилена динамика на првата линија од Зелениково преку Драчево до Нова железничка станица.
” Проектот е голем, презначаен за Скопје кој ќе остави длабока трага за да биде манипулиран за изборната кампања и затоа промоцијата беше после изборите. Три линии имаме, ние почнавме да ја работиме првата линија која оди од Зелениково преку Драчево, Лисиче, Кисела Вода, Аеродром и Нова железничка станица, таа е 25 км. Втората која ќе почнеме да ја работиме напролет оди од Миладиновце, Илинден, Маџари и Нова железничка и третата од Нова железничка, Скопје Север, Ѓорче Петров и завршува во Волково односно во Радуша. И тоа е во принцип е инфраструктура која Скопје ја има која што децении наназад е запуштена и не користена. Пример дрвените прагови кои што ги менуваме во моментов кај Драчево се поставени помеѓу 1963 и 1969 година. Тое се над 60 години да воопшто ништо не се работело таму”- рече вицепремиерот Николоски.
Тој најави дека ќе се направи бајпас околу Скопје, а со тоа дизел локомотиви и возови нема да влегуваат во градот за да се влијае врз заштитата на воздухот. Исто така најави и дека ќе се набавуваат и нови возови, а набавката се планира да започне на две години пред да се заврши брзата пруга.

