Skip to main content
Македонија

Николоски: Владата ќе донира 100 нови комби возила за Поштa

24/12/2025  12:50

Работиме за Македонска пошта како државна пошта конечно да ја издигнеме со квалитет и да обезбедува најквалитетни услуги на пазарот. Иако Македонија ја следи европската пракса за регулација на поштенскиот пазар, таквата работа создава главоболка во услови кога државната пошта како општествена компанија реализира услуги кога никој друг тоа не го прави. Затоа Владата ќе донира 100 нови возила за Пошта, а се размислува за законски измени со кои ќе се променат работите, истакна вицепремиерот Александар Николоски на Јавниот состанок на Агенцијата за пошти. 

Како што потенцира, целта е да се заштити државниот капитал, да се издигне Пошта на поквалитетно ниво  и да се избегне праксата на претходните Влади кои сакале да го продаваат државниот капитал.   

” Ние би сакале Македонска пошта да расте и би сaкале да нaпредува и овие директиви во услови кога не сме членки на ЕУ ни создаваат главоболки во делот на државната пошта затоа што да бидеме фер и да бидеме отворени, многу е лесно да се земе дел од пазарот кој одговара, а Македонска пошта да има општествена одговорност и на пример да носи писма во услови кога никој друг тоа не го прави.  Или сите подденакво ќе го носат товарот или ќе носиме други одлуки затоа што мојата намера е да се крене Пошта,  а не вака да пропаѓа како што пропаѓа  И во таа насока повторно доаѓаме до ЕУ, а тое е барањето во Планот за раст да се подобри ефикасноста на услугите и намалување на трошоците за 15 %, како и подобрување на индикаторите за профитабилност за 15 %, што во услови кои ги кажав претходно не можеме да ги оствариме. Да најавам дека ќе има законски измени кои што ќе одат во насока да се променат работите”- се обрати вицепремиерот Николоски.

Тој најави нови инвестиции во државната пошта.   

Во следниот месец дена Пошта ќе добие како донација од Владата 100 возила, од кои 90 се помали комби возила и 10 поголеми возила, а исто така работиме на една програма за помош во делот на софтвер, сортирки за работа и просторни услови како би ги довеле до ситуација да даваат најдобри услуги на пазарот.  Во таа насока соработката со Агенцијата има клучна улога и мислам дека треба да соработуваме” – рече Николоски. 

Тој истакна дека е-трговијата ќе зема се поголем замав како тренд за кој приватните пошти треба да се борат на пазарот. 

 Во моментот на домашниот пазар работат 29 правни лица, од кои  28 приватни пошти и АД Пошта на Македонија, како државна компанија со индивидуална дозвола за обезбедување на универзална услуга.