
Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, денеска изврши увид во состојбата на патните правци во државата. При посетата на планинскиот превој Стража, тој истакна дека состојбата е добра и сите патишта во државата се проодни.
„Гледате сите дека врне еден масивен снег. Би сакал да се заблагодарам на овие прекрасни луѓе од ‘Македонија пат’ коишто даваат сè од себе, сите патишта да се проодни и да се чисти“, изјави Николоски.
Претходно, министерот бил во увид и на планинскиот превој Пресека, потврдувајќи дека и таму екипите активно работат на расчистување на снегот. Николоски упати апел до сите учесници во сообраќајот сериозно да ги сфатат зимските услови.
„Да ги замолам сите коишто возат и имаат потреба да патуваат, да ги почитуваат прописите и правилата, да користат зимски гуми, секаде каде што е потребно ланци и сета дополнителна опрема и да ја прилагодат брзината“, порача министерот.
