Skip to main content
Македонија

Николоски: Процесуирање на виновните за злоупотребата на тајните служби е предуслов за демократија

01/09/2025  17:39

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски се огласи на Фејсбук по информациите од АНБ за прислушувањето на новинари и актуелниот премиер Христијан Мицкоски во период од 2019-2024 година.

„Во опозиционите денови искажувавме сомнежи дека сме следени од тајните служби кои беа злоупотребувани од власта на СДСМ и ДУИ, а со нив и Стево Пендаровски.

Имавме сомнеж дека Агенцијата за разузнавање пишува клеветнички лажни извештаи до западните партнери и сојузници, а АНБ следела и прислушувала.

Тоа беше начин за политичка дискредитација кој не им успеа! Промените се случија на минатогодишните избори, а со тоа и патот кон расчистување во тајните служби и одговорност за оние кои ги злоупотребуваа!

Повикувам

Обвинителството ова да го истражи и одговорните да бидат процесуирани. Доста е од злоупотреби на тајните служби!“, пишува Николоски на Фејсбук.