
Покажавме дека возможно е да се владее на поинаков начин, да се носат одлуки, а истовремено да не се потклекнува пред никого и да ги зачуваме македонските национални интереси – истакна во интервју за ТВ Алфа, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.
“Успеавме прв пат после децении газење да покажеме дека може да се чува македонското национално единство, дека можеме да се бориме за нашите интереси без да треба да виткаме кичма пред било кого. После долго време покажавме дека може и друга политика да се води, а не само политика на попуштање”, рече Николоски.
Потпретседателот на Владата го прокоментира и моменталното однесување на опозицијата, каде според него владее целосна безидејност.
“Опозицијата се наоѓа во една тотална безидејност, изгубеност и агресија. Знаете генерално агресивни се луѓе кои се слаби и луѓе кои што немаат ништо позади себе. Така што таква ситуација имаме сега, викаат и скокаат до првиот аргумент, а кога ќе го добијат тоа од наша страна, тогаш застанува се, но тоа е нивни проблем, нека си го решаваат внатре”, заклучи Николоски.
