
Mинистерот за транспорт и врски на Република Македонија, Александар Николоски истакна дека се вложуваат силни напори за изградба и модернизација на европските коридори 8 и 10.
„Македонија вложува силни напори за изградба и модернизација на европските коридори 8 и 10, а во таа насока работиме на изградба на железничка врска со Бугарија, започнавме процедури за изградба на брза железница на коридорот 10, а градиме и делови од автопатот на коридорот 8“, пишува Николоски на својот Фејсбук профил.
