Skip to main content
Македонија

Николоски: Коалицискиот договор со ВРЕДИ е јасен и треба да се почитува

13/11/2025  07:43

Министерот за транспорт и врски и вицепремиер во Владата, Александар Николоски, во врска со испразнетото место во Владата на Изет Меџити откако стапи на градоначалничка функиција, рече дека во моментов се зборува само за пополнување на испразнетите места коишто се дел од ВРЕДИ.

Тој во гостување на Топ тема се осврна и на коалицискиот договор од претходната година за кој, според него, не треба да има отстапки.

-Ние лани имавме јасен договор, мислам дека е фер во рамки на една соработка се да се зборува, но мислам дека договорот е јасен и дека не треба да има отстапки, рече Николоски.

За дополнителна реконструкција на Владата и промена на министерските позиции Николоски посочи дека премиерот е надлежен за тоа, а дополнително додаде дека Владата по долг период е без корупциски скандал.