
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во вечерашното интервју на ТВ Сител обелодени ексклузивни детали за договорите со Велика Британија.
Тој соопшти дека следната недела во Лондон ќе се потпише Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, по принцип Влада со Влада.
Ова беше процес кој што траеше со месеци, ексклузивно ќе кажам дека уште кога бевме во опозиција оставриме иницијални контакти на оваа тема, истакна Вицепремиерот.
-Остваривме стратешко партнество со втората светска сила. Договорот за стратшко прартнество е со голем сојузник, изјави вицепремиерот Николоски.
Коридорот 8 и Коридорот 10 треба паметно да ги искористиме. Зборуваме за два договори кои ги вклучува политичката соработа.
Договорот Влада со Влада каде ќе се воспостави партнерстово со Велика Британија.
-Транспорт и здравство се најважни сегменти на овој договор Влада со Влада. Имаме неограничена временска рмка за користење на овие расположливи средства.
Во мометнот имаме спремни два проекти кои се околу 2,2 милијарди евра. И тоа се првите проекти со кои ќе стартуваме, рече Николоски.
Брза железница на коридорот 10, е едниот проект и ќе се користи постојната рута. Вториот проект е изградба на Клиничка болница во Штип.
Николоски оцени дека ова партнерство значи инвестиции во транспортот, здравството, образованието, одбраната, нови работни места и силна економија и стратешка позиционираност на Македонија.