
Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, преку видео-објава на својот официјален профил на Фејсбук информираше за завршувањето на дел од експресниот пат Градско – Прилеп, поточно делницата од Дреново до Фариш, во должина од 25 километри.
„Го изградивме експресниот пат Градско – Дреново – Фариш (Прилеп). Ветивме пред граѓаните на Прилеп, Битола, Ресен, Крушево, Могила, Новаци, Кривогаштани и целиот Тиквешки регион дека ќе изградиме модерно и безбедно патно решение – и ова е одговорот на тоа што го ветувавме“, напиша Николоски.
Тој нагласи дека новоизградениот пат значително ја подобрува безбедноста во сообраќајот и го скратува времето на патување од Скопје до Прилеп и Битола, притоа истакнувајќи дека овој проект е дел од заложбите на Владата за подобра инфраструктура.
„Продолжуваме да ја градиме Македонија“, додаде Николоски во објавата.