
Потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Александар Николовски во интервју за Сител Телевизија зборуваше за блокадите од страна на транспортерите изминативе денови. Истакна дека е задоволен од тоа што ЕУ ја забрза постапката и го објави документот многу порано. Истакна дека по состанокот во Брисел ќе има заедничка средба за разгледување на предлозите и дека целта е да се понудат најдобрите решенија за транспортерите кои се клучен двигател на македонската економија.
,,Се работи за документ од 19 страни, којшто целосно ги опфаќа новите правила на Шенген зоната и таму има еден клучен збор, баш во овој дел којшто го издвоив на мојата објава, каде што возачите на камиони односно транспортерите се прифаќаат како професионалци, со останатите категории коишто се наведени тука, како сппортисти уметнции итн, Што е првпат да ЕУ на тој начин го реши проблемот. Во суштина тоа беше и еден од начините да се излезе од проблемот, затоа што транспортерите кога ги почнаа протестите бараа да се почне дијалог со којшто ќе се реши проблемот, се понудија 3 решенија и ова е едно од трите решенија“, рече Николоски.
Тој додаде дека во вторник ќе се одржи состанок кој, како што вели, една година не беше закажуван, а првично бил договорен за 6 февруари, но вчера терминот бил поместен за во вторник.
,,Сакам да им честитам на сите оние храбри луѓе кои што излегоа на протестите овие денови, кои што покажаа дека проблемот е навистина сериозен. Да честитам на одлучноста, на храброста, јас ја имав честа и да ги посетам и да ги поддржам. Излегов заедно со нив, и мислам дека покажаа дека навистина е голем проблемот и дека мора сериозно да му се пристапи, и тоа што беа единствени и истрајни никој не успеа да ги скрши, даде резултат“, вели Николоски.
Тој истакна дека самиот дал целосна поддршка, но дадоа и премиерот, и Владата, со цел решавање на проблемот. Николоски истакна дека процесот се води во целосна координација со превозниците.
