
На 23 ти Април во хотел Мериот во Скопје се одржа 16. државно првенство на бармени. Овој натпревар е во организација на Здружението на Бармени на Македонија кое веќе 20 години успешно работи на подигнување на коктел културата и афирмација на професијата бармен.
На натпреварот учествуваа вкупно 21 бармен од цела Македонија. Во многу квалитетен и интересен натпревар првото место го освои младиот Никола Анастасијески од Скопје. Второто место му припадна на искусниот Васил Пеевски, а трет беше Вања Головски.
Никола ќе ја има честа да ја претставува Македонија на светското првенство на бармени кое оваа година ќе се одржи во Картагина, Колумбија во ноември.