Skip to main content
Скопје

Никој не го поправа потпорниот ѕид што се урна кај Клинички

17/04/2025  13:34

Додека институциите меѓусебно си ја префрлаат вината потпорниот ѕид кај Клинички е во алармантна состојба. Речиси две години стои во истата состојба и е во опасност целата улица да се урне.

Министерот за здравство Арбен Таравари тогаш изјави дека прво мора да се расчисти да се види на кого му припаѓа тој ѕид пред да почнат да го поправаат.

„Сме во процедура, мора да се расчистат на кого припаѓа и дали смееме да изградиме. Инаку не е никаков проблем да го превземеме ние како Минсистерство да го направиме тоа“, кажа Таравари.

И од Град Скопје креваат раменици. Тие велат дека немаат надлежност врз овој ѕид и дека изградба и реконстукција на овој простор може да прави само Министерството за здравство или негов орган надлежен за истото…

И од ЦУК креваат раменици, велат дека постојано добиваат повици од загрижени граѓани за лошата состојба на ѕидот на улицата „Белградска“, но проблемот и натаму останува нерешен.

„Има повеќе повици од повеќе загрижени граѓани од тој дел и не само од тој дел, бидејки улицата Белградска ја корисат многу автомобили така да има повеќе случаеви да има повеќе јавувања. Проблемот не е од пред 3 месеци, 2 ипол години веќе како ЦУК апелираме до надлежните да дадат напор да се надмине. Ситуацијата на ѕидот е влошена, уште еден дел од ѕидот е паднат не е само десетина метри како што беше туку сега има уште десетина метри,“вели Драги Тарчуговски од ЦУК.

Тарчуговски вели дека со рушењето на ѕидот на површина излегле и останати сериозни проблеми во реонот на улицата, односно подземна инфраструктура од кабли која е под вода, како и канализациски цевки од атмофреската канализација. Од ЦУК и претходно аламираа дека потребна е реконструкција на целокупната каналска мрежа во тој реон, посочувајки дека таа била изградена во педесетите години на минатиот век и е уништена. За оваа состојба доставиле и известување до инспекцискиот совет за понатамошно постапување.