
Зад мирната надворешност се крие сила која подобро е да не ја предизвикувате – тоа е знакот којшто не заборава неправда.

Астрологијата ни помага да дознаеме повеќе за луѓето, откривајќи ги нивните главни особини. Според оваа наука, еден од најимпулсивните хороскопски знаци е Овенот.
Кога Овенот е повреден, тоа добро ќе го почувствувате на своја кожа. Нивниот главен елемент е огнот што ги прави природно страсни и склони кон истражувања.
Нивната страст ги придвижува нивните емоции и ги прави многу интензивни, особено кога емоциите се негативни. Владејачката планета на овој хороскопски знак е Марс која го претставува грчкиот бог на војната Арес.
Оваа планета го прави Овнот природно бестрашен и агресивен. Овие особини понекогаш се корисни за него, но доколку дојде до конфликт не сакате да го почувствувате нивниот бес и гнев.
Овнот е емотивен
Овнот се чувствува моќно. Огнената страст ги движи неговите емоции. Кога верува во нешто секогаш слободно ги изразува своите ставови и цврсто стои зад нив. Секоја навреда длабоко ги погодува Овните.
Не само што нивните чувства се тешко повредени туку и реакциите се многу изразени.
Овнот се бори кога е повреден
Овнот не се повлекува и никогаш не избегнува конфликти. Нивниот кардинален модалитет ги тера да се борат со сите предизвици кои им се наоѓаат на патот.
Кога Овнот е повреден, веднаш тоа ќе го покаже. Доколку има што да каже, тогаш ќе го кажат тоа без да се двоумат.
Презема акција кога е повреден
Тој е импулсивен. Овнот брзо презема акција, тој често се потпира на внатрешниот инстинкт којшто ги тера да прават импулсивни одлуки.
Оваа тенденција кон импулсивност ги прави многу агресивни во конфликтите, склони кон расправии.